Микел Мерино може да биде задоволен од својот статус и од настапите во дресот на Арсенал и шпанската фудбалска репрезентација, а во последното интервју се навратил и на еден момент од периодот кога беше член на Борусија Дортмунд.
Се работи за терористичкиот напад во кој беше активирана екпслозивна направа во близина на клупскиот автобус на германскиот тим, кој во тие моменти се движел кон стадионот за натпревар од Лигата на шампионите против Монако.
Тогаш 20-годишниот Мерино открил дека токму на тоа патување решил да го промени своето вообичаено седиште во автобусот, а тоа веројатно му го спасило и животот.
– Мислам дека имам ангел на рамо, среќен сум што сум жив.
– Се слушна заглушувачка бучава, а потоа се сеќавам дека автобусот за малку ќе се превртеше. Погледнав зад себе и видов крв на подот, дим, врисоци. Се сеќавам дека подоцна таа вечер бев во болница, чекајќи го Марк Бартра, кој имаше тешка исеченица на зглобот, – се потсетил Мерино, кој следниот ден дознал застрашувачка информација.
– Следниот ден некој ми кажа дека огромно парче шрапнел се забило во наслонот за глава на седиштето до Марк, а тоа беше моето вообичаено седиште. Тој ден, седиштето беше празно. Нозете ми беа малку вкочанети, а седиштата напред можеа да се навалуваат. Затоа седнав таму, и тоа можеби ми го спаси животот, – открил Мерино.








