Симеоне и Атлетико веќе донеле одлука за иднината на Дејвид

Дерби

16/10/2026

16:21

365

Големина на фонт

а а а

Џонатан Дејвид не може да се пофали со својот ефект од претходната сезона, во која настапуваше за Јувентус, но работите тргнаа во позитивна насока по неговиот заем во Атлетико Мадрид.

Диего Симеоне бараше профил на напаѓач каков што е Канаѓанецот, а на крајот заемот од торинскиот клуб се покажа како исправен потег и Атлетико веќе решил да го откупи неговиот договор.

„Ајсмен“ постигна три гола и има две асистенции на шест натпревари во дресот на Атлетико, ефект со кој веројатно ги надмина и очекувањата на Симеоне, кој го доби напаѓачот во последните моменти од преодниот рок.

Најавената сума за откуп на договорот изнесува 25 милиони евра, па Атлетико веќе донел одлука да го испланира овој трошок во трансфер буџетот за следната сезона.

Сезоната е долга и никој не може да исклучи и некаков пресврт, но шпанските медиуми тврдат дека Симеоне е презадоволен од напаѓачот поради неговиот пристап, па и начинот на кој ги извршува дефанзивните задачи.

Дејвид во меѓувреме со три гола на првите три натпревари стана седми играч во историјата на Атлетико на кого му успеало такво нешто, а последен пат тоа го направи Љубо Пенев пред повеќе од три децении.