[ФОТО] Тебас со жесток одговор до Мурињо и Реал Мадрид: Почнаа со теориите на заговор за да сокријат свои недостатоци

Дерби

22/09/2026

15:05

120

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид изврши серија напади врз судиите и целиот систем во шпанскиот фудбал откако го загуби дербито со Атлетико кое се одигра на „Метрополитано“, а притисокот кој реши да го изврши преку Жозе Мурињо и преку своите клупски гласила предизвикаа голем потрес на Пиринеите.

„Кралевите“ вината целосно ја префрлија кај главниот судија Ортиз и луѓето во ВАР собата и се пожалија дека можело да се очекува вакво нешто во лига во која се фаворизира друг клуб, па на ваквите невкусни објаснувања уште во раната фаза од сезоната, со жесток одговор излезе првот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

– Вообичаените гласноговорници и медиумите блиски до режимот веќе го пласираат истиот стар наратив: Теории на заговор. Кога не е случајот „Негреира“, тогаш е судијата кој е на теренот. Ако не е името на судијата, прашуваат зошто суди човек кој нема интернационално искуство. Натпреварите на кој било клуб може да ги судат меѓународни судии или такви што се уште не се на тоа ниво. Ниту еден клуб нема право да бара судија по сопствен избор.


– Но, оваа статија оди и подалеку: Тие тврдат дека судиите му штетат на „бизнисот што им го обезбедува лебот“. Што точно сакаат да кажат со тоа? Натпреварите да се судат врз основа на приходите, телевизиската гледаност или клупскиот грб? Каква им е та идеја за натпреварувачка рамноправност?

– Реал Мадрид како клуб и институција е од витално значење за Ла Лига. Но, тврдењето дека „Ла Лига нема никаква вредност“ без нив, открива презир кон другите клубови, нивните навивачи и нивната историја. Нашето натпреварување не му припаѓа на никого. Да се ​​тврди дека судиите коваат заговор против Реал Мадрид значи да се живее во друга галаксија. Тој наратив служи како параван за прикривање на други недостатоци што се очигледни во овие воведни натпревари од сезоната. Полесно е да се укаже на теорија на заговор, отколку да се објасни што навистина се случува на теренот.

– Време е да ги тргнат очилата кои ги заслепуваат! Се уште е септември, а тие почнаа да тврдат дека лигата е компромитирана. Никој со здрав разум не им верува на тој ист стар изговор, – порача Тебас.