Новата одбрана на Карик издржа само 50 секунди во Мадрид, Барселона и Арсенал запишаа убедливи победи во ЛШ

Дерби

14/10/2026

06:48

339

Големина на фонт

а а а

Мајкл Карим промовираше сосема нова дефанзивна четворка за натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони, а внесувањето во игра на фудбалери како Дало и Хевен не донесе премногу голема разлика за англискиот великан.

Тимот од „Олд Трафорд“ со изменета дефанзивна четворка капитулираше по само 50 секунди игра на „Метрополитано“, па голот на Бариос беше јасна најава дека Јунајтед ќе има нова тешка вечер после ужасниот старт во Премиер лигата.

Јунајтед се обиде да возврати и имаше стопроцентна шанса преки Мбеумо во 12-та минута и следеше период во кој гостите беа подобри, но Атлетико одново се закани од прекин и Грималдо ја погоди рамката од голот. Вториот дел започна со статива на Алварез, потоа голема шанса имаше Бруно Фернандеш кој се обиде да го лобува Облак, а се чини дека пресудниот момент во второто полувреме се случи во 74-та минута.

Лени Јоро заработи директен црвен картон поради еден дуел со Дејвид, па Атлетико со играч повеќе ја доработи задачата и преку Лукман го реши победникот за конечни 2:0.

На останатите натпревари, Барселона се чинеше дека ќе има тешка вечер во Истанбул по раното водство на Галатасарај преку Батраков, потоа му беше поништен гол и на Јилмаз, а тоа беше јасен сигнал дека гостите мора да се будат. Кансело пред полувремето израмни на 1:1 и погоди во вистински момент, по што Барса заигра на највисоко можно ниво и рано во вториот дел го реши прашањето околу победникот.

Фермин и Гордон погодија во периодот од 50-та до 53-та минута, а до крајот стрелаше и Адејеми за конечни 1:4.

Сигурна победа вечерва оствари и Арсенеал, кој на домашен терен го скрши отпорот на Лил во вториот дел. Тимбер го отвори резултатот во 64-та минута, набрзо во листата на стрелците се запиша и Езе, а за крај погоди и Сака за 3:0.