Тери бара една важна промена од Чаби по потопот на Челси од Брентфорд

Дерби

22/09/2026

13:26

225

Големина на фонт

а а а

Челси има биланс од две победи, два порази и едно реми во првите пет рунди во новата сезона во Премиер лигата, учинок кој дефинитивно не може многу да го радува Чаби Алонсо, уште повеќе ако се знае дека неговиот тим лесно прима голови на секој натпревар.

Шпанскиот стручњак има доста работа пред себе ако се земе во предвид дека неговиот тим прими дури 12 голови, а три беа на последниот натпревар на кој Челси одигра убедливо најлошо.

Брентфорд го преслуша Челси и славеше со 3:0 во натпревар во кој до израз дојде доминантната игра со прекини, по што Џон Тери побара од Чаби да направи една важна промена и да се откаже од зонското бранење при такви ситуации.

– Јас сум од старата школа и сакам бранење „човек на човек“ при прекини. Не го сакам зонското маркирање и фронталното маркирање кое се форсира во последно време. Брентфорд во првото полувреме очигледно утврди каде може да нанесе штета, ги таргетираше пониските играчи и нивните високи фудбалери дојдоа до израз.

– Зонското маркирање прави да нема одговорност кај самите фудбалери. За мене, секое движење треба да биде пресметано и секој играч треба да знае што прави во својот шеснаесетник. Тој што го маркира играчот кој постигнува гол треба да преземе одговорност и сметам дека треба да се врати таквиот пристап во Челси, – вели Тери.