Елиф Елмас го отвори контото и го постигна првиот гол во дресот на Аталанта, и тоа после 45 секунди игра на денешниот натпревар во Конференциската лига на УЕФА.
Македонскиот репрезентативец одлично ја испрати акцијата која ја смислија Распадори и Скамака, со тоа што овој вториот реагираше максимално елегантно и ја пропушти топката која стигна до Елмас.
Елиф изреагира фантастично на прва и ја смести топката во мрежата на Пафос кога на семафорот не беше истекла ниту првата минута, па тоа и ја даде потребната самодоверба на Аталанта, слично како што беше случај и со Венеција.
До крајот на првиот дел, во листата на стрелците се запишаа и Распадори и Скамака, па јасно е дека тие двајца заедно со Елмас го одбележаа вечерашниот меч во Бергамо.
Во ситуацијата кога победата беше обезбедена во првите 45 минути, Аталанта одигра доста поопуштено во продолжение, па му дозволи на Пафос да постигне почесен гол преку Биел во 88-та минута.
Елмас остана на теренот до самиот крај, па ова е прв натпревар кој го финишираше, особено ког се знае дека на претходниот заработи црвен картон во самата завршница.
Головите погледнете ги ТУКА







