Годин за непријатната атмосфера во Атлетико: Фановите добија нож во грб и тешко ќе го преболат тоа

Дерби

20/09/2026

14:04

181

Големина на фонт

а а а

Диего Годин во интервјуто за „РМЦ“ говореше за растот на Џулијано Симеоне во Атлетико Мадрид и трнливиот пат кој морал да го мине синот на Чоло до првиот тим, но во пресрет на големото дерби со Реал Мадрид кое се игра попладнево на „Метрополитано“, доста внимание се посветува и на атмосферата на реалција фанови-Хулијан Алварез.

Аргентинецот се претвори во персона нон-грата во шпанската престолнина и цело време е пречекуван со свирежи од фановите, а Годин како играч кој мина многу години во Атлетико, смета дека фановите тешко ќе му го простат обидот за преселба во Барселона.

– Ситуацијата со Хулијан е доста комплицирата после се што се случуваше ова лето. Не е лесно да се справите со таква ситуација кога фановите се против вас.

– Обидот за преселба во голем ривал, а фановите е како да добиле нож во грб. Никогаш не е добро да слушнете дека најдобриот играч сака да се пресели во голем ривал од иста земја. Можам да ги разберам Коке, Симеоне и останатите кои сакаат да го заштитат, особено поради тоа што клубот презема голем ризик.

– Реалноста е дека клубот презема огромен ризик со тоа што го задржа, а само времето ќе покаже во кој тек ќе одат настаните со него, – изјави Годин.