[ВИДЕО] Симпатична сцена: Играч на Барса ја бараше својата баба на трибините и режираше уникатен момент

Дерби

20/09/2026

10:32

474

Големина на фонт

а а а

Барселона стигна до „седум од седум“ во Ла Лига и продолжи со перфектните изданија на стартот на сезоната, а вчера можеби ја имаше натешката задача во овие воведни недели на гостувањето кај Севилја.

Тимот на Ханси Флик мораше да прави пресврт и на крајот славеше со 1:3, па иако главна ѕвезда на мечот беше Рафиња кој постигна хет-трик, по средбата внимание предизвика и Фермин.

Младиот Лопез потекнува од Андалузија и тоа беше добра причина неговото потесно семејство да биде на трибините на „Рамон Санчес Писхуан“, а тоа важеше и за неговата баба.

Фермин по крајот на натпреварот замоли еден од редарите да и даде дозвола на неговата баба да се приближи до првиот ред од трибината, по што двајцата режираа исклучително симпатична сцена во Ла Лига.

Додека споделуваше емоции со својата баба, Фермин задоволи и еден фан на кого му го подари дресот.