Мурињо со ветување до навивачите: Ако некој играч не ги исполнува вредностите и стандардите на Реал, нема да го видите…..

Дерби

10/10/2026

11:23

260

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо максимално застана во одбрана на Килијан Мбапе откако Французинот се најде на мета на жестоки критики поради излез во дискотека и возење велосипед додека се рехабилитира од повреда, а со цел да се избегне сценарио какво што Винисиус Жуниор во неколку наврати доживеа на „Бернабеу“, Португалецот реши целосно да го заштити својот ударен напаѓач.

Тренерот на Реал во неколку наврати го нагласи максималниот професионализам од Французинот кој ќе биде достапен за игра на дербито против Вилјареал, а истовремено им испрати и ветување на навивачите на Реал Мадрид кога се во прашање играчи кои нема да ги исполнуваат вредностите кои ги шири „кралскиот клуб“.

– Ветувам дека ако некој играч на Мадрид не се однесува како играч на Реал Мадрид – ако не ги исполнува стандардите на играч на Реал Мадрид или не си ги извршува обврските како играч или како граѓанин – нема да го видите тој играч ниту на клупата за резерви.

– Нема да можете да му свирите од трибините бидејќи ќе биде дома. Нема да му дадам шанса да седи на клупата. Случајот со Мбапе не е таков.

– Мбапе ќе игра против Вилјареал, нема да биде ниту на клупа. Сигурен сум дека тој не потфрлил во исполнувањето на своите обврски кон Реал Мадрид. Се што беше проследено во јавноста беше чисто претерување. Прво дискотеката за која се велеше не беше дискотека, а велосипед возеше во хотел во Швајцарија, – порача Мурињо.