Годин откри како го малтретирале Џулијано Симеоне: Плачеше од нас, но така стана маж!

Дерби

18/09/2026

10:44

161

Големина на фонт

а а а

Џулијано Симеоне ја започна својата авантура во Атлетико Мадрид како собирач на топки и дете кое има редовни тренинзи во академијата на клубот, но како момче кое има привилегија да биде дел од секојдневните активности во првиот тим, повеќе од десет години знае што точно се случувало и се случува во соблекувалната на „душекџиите“.

Синот на Чоло уживаше луксуз одблиску да ги следи големите ѕвезди и да ја дели соблекувалната со нив, а Диего Годин открива дека тоа искуство несекогаш било пријатно за него.

Славниот стопер на Атлетико открива дека Џулијано често бил и малтретиран од големите ѕвезди на Атлетико, особено од Диего Кошта кој беше еден од најоткачените во соблекувалната.

– Знаевме да го расплачеме Џулијано Симеоне во соблекувалната, но така стана маж. Џулијано знаеше да влезе во соблекувалната, а Диего Кошта го фрлаше во џакузито, или го потопуваше во базенот со ладна вода. Тоа беше вистински хаос.

– Џулијано си заминуваше од соблекувалната плачејќи и жалејќи се кај својот татко, но тој му велеше дека тоа е дел од забавата. На крајот, Џулијано секогаш се враќаше во соблекувалната и беше вистинска мала камиказа, – открива низ смеа Годин.