Резервниот голман на Јуве режираше мајсторски потег, Спалети јавно му честиташе

Дерби

18/09/2026

10:42

144

Големина на фонт

а а а

Јувентус се рехабилитираше од незгодниот пораз од Сасуоло во Серија А со убедливо издание во Европа, а победата над НЕЦ Најмеген беше зачинета и со една неочекувана асистенција.

Италијанскиот тим се прикажа во најдобро светло и постигна пет погодоци во мрежата на холандскиот ривал, но меѓу асистенците се најде и голманот Камил Грабара.

Полскиот чувар на мрежата доби шанса како резерва на Викарио и ги имаше првите минути оваа сезона, а покрај тоа што сочува „чиста мрежа“, импресионираше и со играта со нога.

Грабара постојано им се нудеше на своите дефанзивци и сакаше да учествува во играта, па во раната фаза на мечот, испорача и асистенција за гол поради која доби јавни пофалби од Спалети.

– Дозволете ми јавно да му честитам на Грабара за извонредното издание. Покажа карактер и стабилност, но и способност да игра извонредно со нога. На вакви натпревари, голманите можат да се претворат во човек плус на теренот, а тој го правеше токму тоа. Отвори простор за нашиот тим и бевме посигурни во изнесувањето на топката, – изјави Спалети.