Валенсија „пикирала“ искусен стратег како замена за Корберан

Дерби

16/09/2026

11:12

168

Големина на фонт

а а а

Валенсија на Столе Димитриевски ја забележа првата сезонска победа во Ла Лига и тоа на гостувањето кај Алавес со 1-0.

Ова беше прв меч по „земјотресот“ на „Месталја“ каде беа отпуштени неколку луѓе од управата, но и тренерот Карлос Карберан поради слабите изданија и резултати на екипата.

Оскар Санчез е привремено решение на клупата и со него Валенсија реагираше и ги освои трите бода, но клубот бара стратег за подолг период и медиумите во Шпанија пренесуваат дека тоа може да биде 67-годишниот Хавиер Агире.

Валенсија прво го контактирала Ернесто Валверде, меѓутоа тој ја одбил понудата, па „лилајците“ сега се фокусираат на Агире, човекот кој одлично го познава фудбалот на Пиринеите каде имаше ангажмани во Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Еспањол, Леганес и Мајорка.

Вестите се дека доскорешниот селектор на Мексико е отворен за оваа опција и сега преговорите се во тек што значи дека набрзо Столе Димитриевски и компанија можат да добијат тренер.