Составот на Работнички ја забележа најубедливата победа на денешните средби од седмото коло во Втората македонска лига.
Поранешниот македонски шампион ги доби Камјани со 5-1 со головите на Кудијан, Бошњаков, Стефановски и Затуроски. Ова за „романтирачите“ беше трето славје во низа и се пробија на второто место на табелата зад лидерот Пелистер.
Дербито во Охрид меѓу истоимената екипа и Брера Струмица заврши без победник 2-2. Гостите водеа со 2-0, меѓутоа домаќините во продолжението одговорија и се изборија за бод.
РЕЗУЛТАТИ – 7.КОЛО
Охрид – Брера 2:2
Осогово – Еуромилк 1:1
Работнички – Камјани 5:1
Шкупи – Македонија ЃП 0:1
Детонит – Кожуф 1:1
Новаци – Тетекс 1:4








