[ВИДЕО] Беше најдобар светски тенисер, талкаше низ пустини и спиеше во шатор: Неодамна се појави во академијата на Рафаел Надал и ги воодушеви сите

Точка

10/10/2026

18:05

362

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал одбележа десет години од постоењето на својата академија, а ја искористи можноста да покани неколку поранешни тенисери за да го направи настанот уште поспецијален.

Меѓу бројните познати имиња, како Енди Мареј, Давид Ферер, Доминик Тим и други, особено се истакна едно – Марат Сафин. Од првото место на светската тениска ранг-листа, преку талкање низ пустини и спиење во шатор, па сè до повторното враќање на тенискиот терен...


Во еден период беше најдобро рангираниот тенисер во светот, во својата колекција има титули од Австралија опен и Ју-Ес опен, а во текот на кариерата заработил повеќе од 14 милиони долари. Сепак, сето тоа не му било доволно, бидејќи Сафин отсекогаш тежнеел кон поедноставни и поскромни нешта.


Така, Сафин изненади многумина кога во текот на оваа година на својот профил на Инстаграм сподели фотографии од Мароко. Во тоа немаше да има ништо необично доколку фотографиите не беа направени во пустина, наместо во луксузно опкружување какво што тој без проблем може да си дозволи. На една од фотографиите беше многу тешко да се препознае. Со турбан на главата и темни очила, изгледаше како да се наоѓал далеку од цивилизацијата.


Иако заработил толку многу милиони и по него лудувале бројни девојки, една фотографија ја покажа неговата едноставност. Имено русинот седел потпрен на ѕид, а пред него имало чајник, неколку стаклени чаши поставени на простирка и шише вода – се’ што во тој момент го правело среќен.


Токму затоа неговото неодамнешно пристигнување на Мајорка привлече посебно внимание. Не се појави во скапа и раскошна облека, а со својата насмевка ја освои публиката. Беше очигледно дека уживал што повторно бил во друштво на своите некогашни ривали.