Гигс издвои еден играч на Арсенал: Тој е насекаде, изгледа како…

Дерби

15/09/2026

11:03

283

Големина на фонт

а а а

Рајан Гигс е едно од најголемите имиња во историјата на Премиер лигата, ас кој остави неизбришлива трага во англискиот фудбал, ас кој е легенда и икона на Манчестер Јунајтед.

Тоа што Велшанецот со години го испорачуваше на највисоко ниво е навистина тешко да се постигне, но сега има некои други момци кои се докажуваат, се обидуваат да достигнат височини и да остават белег на оваа сцена.

Арсенал е актуелен англиски шампион, тим од кој Гигс издвои еден играч како омилен-тоа е Мартин Одегард.

- Одегард во моментов. Изгледа како да ги контролира натпреварите, ја зема топката од одбранбената четворка, трча од зад грб. Тој е насекаде! Ја враќа топката, дефанзивно е многу добар. Да, едноставно изгледа силен, - истакна Гигс кој смета дека Арсенал е главен фаворит за пехарот.

- Тешко е да се одбрани титулата, па тој резултат [против Сандерленд] и таа изведба ми покажаа дека изгледаат како да се подготвени да ја одбранат титулата. Сандерленд на гостински терен по Европа не е лесен натпревар. Сандерленд е добар тим, играа добро, а атмосферата беше електрична

- Тоа беше супер гол [од Бруно Гимараеш], да, но изгледаа како да ја имаат контролата, изгледаа како да имаат добар состав, изгледаат како да можат да направат четири или пет замени и тоа да не се почувствува… всушност, веројатно стануваат посилни. Значи, да, изгледаат добро, - смета некогашниот офанзивец.