Денвер и Јута утринава одиграа подготвителен натпревар, на кој поуспешен беше тимот предводен од Никола Јокиќ.
Српскиот центар го привлече вниманието и поради еден свој потег, со кој се обиде да му покаже на помладиот Џексон Хејс дека нема да дозволи провокации и неспортски потези, дури и во ситуација кога тие не се санкционирани од судиите.
Јокиќ беше оттурнат од Хејс пред очите на еден од судиите, а откако потегот не беше санкциониран како офанзивен фаул, Јокиќ му одговори на противникот со посилен физички контакт.
Центарот на Денвер свесно влезе во дуелот и очекувано доби и техничка грешка, но погледот кој му го упати на Хејс беше доволна порака за ривалот да не си дозволи сличен потег во иднина.
Nikola Jokić gets a technical foul for shoving Jaxon Hayes after Hayes shoved him, and also gives him the stare (with replays) https://t.co/2jRUH91jsx
— MrBuckBuck (@MrBuckBuckNBA) October 7, 2026








