[ВИДЕО] Не плачи за мене, Аргентина! Величествено збогување на Меси: Две асистенции, го постигна последниот гол, а потоа…

Точка

07/10/2026

10:21

346

Големина на фонт

а а а

Меси беше многу емотивен и за време на интонирањето на аргентинската химна, а на средината на теренот пред почетокот на натпреварот беше поставена огромна десетка со пораката: „Благодарам“.

Лионел Меси го одигра последниот натпревар во дресот на Аргентина на начин достоен за најголемата фудбалска легенда. Гаучосите во емотивна вечер на преполниот Ел Монументал го совладаа Бенин со 3:0, а 39-годишниот Меси беше главниот актер. Им асистираше на Николас Отаменди и Нико Паз, а потоа во 70. минута го постигна и својот последен, 126. гол за репрезентацијата.

Пред почетокот на натпреварот, Буенос Аирес беше на нозе. Меси и соиграчите пристигнаа на стадионот со отворен автобус, додека илјадници навивачи ја следеа репрезентацијата и го поздравуваа својот херој. Емоциите го совладаа Меси, кој во еден момент ги бришеше солзите.

На трибините беа неговата сопруга Антонела и нивните деца, а меѓу гостите имаше бројни легенди на аргентинскиот фудбал, меѓу кои Анхел ди Марија, Серхио Агуеро, Хуан Себастијан Верон и Хуан Пабло Сорин.

Посебен момент се случи во 10. минута, кога натпреварот беше накратко прекинат за целиот стадион уште еднаш да ја поздрави легендарната десетка. Фудбалерите на Бенин му пријдоа на Меси за да се ракуваат со него, а капитенот на африканската селекција му подари сувенир, роза и писмо од целиот тим.

Меси беше многу емотивен и за време на интонирањето на аргентинската химна, а на средината на теренот пред почетокот на натпреварот беше поставена огромна десетка со пораката: „Благодарам“.

На теренот, меѓутоа, немаше место за сентименталност. Меси уште во првото полувреме имаше неколку шанси, но голманот на Бенин, Марсел Данџину, успеваше да ги запре неговите удари.

Аргентинците поведоа во 48. минута. Меси изведе корнер, а Отаменди со глава погоди за 1:0. Само неколку минути подоцна, искусниот дефанзивец доби овации при излегувањето од игра, бидејќи и нему ова му беше последен настап за националниот тим.

Во 61. минута Меси повторно беше асистент. Го пронајде Нико Паз, кој со прецизен удар го погоди подалечниот агол за 2:0.

Потоа дојде моментот што засекогаш ќе остане запишан во историјата на аргентинскиот фудбал. Во 70. минута Уору невнимателно направи прекршок во шеснаесетникот, а Меси ја зеде топката и ја презеде одговорноста.

Тоа беше неговиот 126. и последен гол за Аргентина.

Особено е интересно што Меси претходно промаши три пенали по ред – против Австрија и Египет на Светското првенство, како и против Нешвил во МЛС.


По завршувањето на натпреварот следуваше спектакл. Соиграчите, противниците и членовите на стручниот штаб еден по еден му приоѓаа на Меси за да го прегрнат, додека судијата Фернандо Вехар му ги подари своите картони за спомен.

На небото над Ел Монументал се појавија светлосни проекции на клубовите во кои играше Меси, како и неговиот лик со трофејот од Светското првенство во рацете.


Така, Аргентина забележа победа, а фудбалот се збогуваше со уште еден од своите најголеми уметници. Меси го заврши последниот танц за гаучосите токму онака како што играше со децении – со гол, асистенции и солзи.