[ВИДЕО] Го разбесни Меси на прошталниот натпревар! Навали на Аргентинецот во најемотивниот момент, следуваше реакција која го обиколи светот!

Точка

07/10/2026

14:16

697

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси се прости од репрезентацијата на Аргентина на спектакуларен начин, но веднаш по натпреварот против Бенин беше видена сцена која привлече огромно внимание во јавноста.

Аргентина пред повеќе од 85.000 навивачи го совлада Бенин со 3:0, а Меси на својот последен натпревар за националниот тим постигна гол и запиша две асистенции. По завршувањето на средбата следуваа прегратки, поздрави и емотивни моменти со соиграчите и противниците.


Еден фудбалер на Бенин му пријде на Меси со телефон во раката, очигледно сакајќи да направи селфи со една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал. Меѓутоа, Аргентинецот не сакаше да застане.


Меси се обиде да продолжи по својот пат, додека играчот на Бенин продолжуваше да оди по него и се обидуваше да добие фотографија. Во еден момент Аргентинецот го оддалечи од себе и продолжи понатаму, очигледно сакајќи да остане во својот момент на простување.

Снимката веднаш стана хит!

На социјалните мрежи сцената предизвика бројни реакции. Едни застанаа на страната на Меси и порачаа дека имал право на мир да ги доживее последните моменти во дресот на Аргентина, додека други сметаа дека можел да одвои неколку секунди за играчот кој само сакал спомен со фудбалската легенда.


Инаку, Меси во текот на целата вечер покажуваше голема почит кон репрезентативците на Бенин. Пред натпреварот дури му врачија и посебни подароци, а во текот на натпреварот беа видени бројни сцени на пријателство меѓу играчите на двете репрезентации.

Сепак, по последниот судиски свиреж, кога требаше да следува големото емотивно финале на репрезентативната кариера на Меси, еден обид за селфи се претвори во сцена за која сега зборува целиот свет.