Јувентус и Милан одиграа без победник 1-1 во завршниот меч од неделната програма во Серија А.
Ова беше битка на два бренда на италијанскиот фудбалм два големи клуба кои на крајот со поделија по еден бод. „Старата дама“ беше поконкретна, но токму домаќините со голот на Гати во 92 минута избегнаа пораз во Торино.
Гостите со оглед на играта треба да бидат задоволни од исходот и тоа го призна и тренерот Рубен Аморим.
- Не заслуживме да победиме, ако сме искрени, или поточно Јувентус не заслужи да изгуби. Се обидовме да ја играме нашата игра, не бевме добри со топката. Имавме моменти кога ја контролиравме играта во првото полувреме, но почнавме многу да ја губиме топката, не игравме добро, но повторно работиме заедно веќе два месеци. Треба да се подобриме, но ни треба време, беше тежок натпревар за нас.
- Имаме индивидуален квалитет, но едноставните работи се најважни, начинот на кој ја примаме и додаваме топката, основите на фудбалот, денес не бевме добри. Моето чувство е дека кога мојот тим нема топка, се мачиме. Кога Јуве ставаше многу напаѓачи напред, се браневме добро, но страдавме повеќе кога ја губевме топката и тие имаа транзиции.
- Нема да го менуваме начинот на кој играме, бидејќи знаеме дека во некои натпревари ќе оди добро, во други нема, но важно е да се бориме за победа. Можевме да победиме, но повторно ни Јувентус не заслужи да изгуби,- порача Аморим.








