Варди се врати на островот со потпис за поранешен премиерлигаш

Дерби

06/09/2026

17:15

77

Големина на фонт

а а а

Џејми Варди останува во светот на фудбалот како активен фудбалер или поточно пронајде нов ангажман кој воедно значи негово враќање на островот, во татковина.

Брзоногиот напаѓач во минатата кампања настапуваше во Италија за Кремонезе каде на 29 средби даде 7 гола и забележа 3 асистенции. Сега одново ќе го гледаме во Англија и тоа во доскорешниот премиерлигаш Барнли кој по пет кола е на последното место во Чемпионшип лигата.

-Навистина сум среќен што ќе бидам тука во Барнли. Овој клуб има вистинска фудбалска историја и страсни навивачи кои заслужуваат тим што ги претставува нив и нивниот град. Едвај чекам да излезам на теренот и да му помогнам на тимот да се движи во вистинската насока, -порача Варди кој доби договор до крајот на тековнава сезона.

Џејми најзначајниот дел од фудбалската кариера го мина во Лестер, тим со кој испиша историја и ја освои Премиер лигата.