Јувентус иако беше поконкретен не успеа да слави над Милан во големото дерби во Серија А.
„Старата дама“ имаше неколку шанси, полушанси кои не ги искористи, па стигна казната по што домаќинот мораше да притиска за да се спаси од пораз и тоа се случи со голот на дефанзивецот Гати во судиското продолжение.
Тренерот на „бјанконерите“ Лучано Спалети смета дека неговата екипа мората да биде похрабра и да дони подобри одлуки.
- Ова се темелите врз кои треба да се гради, бидејќи ние вложивме одлични перформанси, Јувентус постојано притискаше и се обидуваше да го зголеми темпото на играта дури и при резултат 0-0. Имавме правилни намери, но очигледно треба да ги подобриме изборите што ги правиме, а не да бараме дозвола во овие натпревари. Не можеш да чекаш да бидеш поканет, мора да одиш и да го земеш мечот во свои раце, - истакна Спалети кој порача дека застанува цврсто зад напаѓачот Коло Муани кој никако да проработи.
- Не знам дали е проблем, но Ник Волтемаде ја има таа способност во шеснаесетникот, па може да биде некој кон кого треба да се стремиме. Со Коло Муани, ќе останам на овој пат и на крајот ќе видам каде ќе нè однесе овој пат, го избрав Коло Муани за напаѓач и ќе останам со него до крајот на сезоната. Кога ќе стигнеме таму, ќе видиме каде ќе бидеме, - порача искуниот стручњак.








