Барселона лесно се справи со Валенсија на Столе Димитриевски и запиша нова победа во шпанската Примера.
По трет пат во оваа сезона каталонците постигнаа пет гола со тоа што овојпат ја сочуваа својата мрежа како на премиерата со Елче.
Тренерот Ханси Флик е задоволен од она што го гледа од неговите избраници, ама во исто време смета дека можат да бидат уште подобри.
- Сè е во квалитетот на тренингот. Кога го гледам ова, сум убеден во тоа како можеме да играме. Ова беше фантастичен натпревар, речиси совршен. Имавме контрола, бевме доминантни. Ова е она што го сакам: да ја контролирам играта и да се обидам да добијам простори. Го направивме тоа.
- Но, ништо не е совршено. Секогаш можеш да се подобриш. Можеме да бидеме подобри, - порача Германецот.








