Напаѓачот се огласи со соопштение: Миовски сам ќе се грижи за својата кариера

Дерби

07/09/2026

10:51

173

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски не игра за Ренџерс во тековнава сезона и дефинитивно посакуваше трансфер кој досега не се реализираше и како што стојат работите ќе остане тука до 2027 година.

Во некои земји се уште е отворен преодниот рок и останува да се види дали можеби некои од тие би можеле да бидат опција за Миовски кој во меѓувреме се огласи во јавноста во кое соопшти дека отсега сам ќе се грижи за неговата кариера, поточно нема да биде претставуван од ниту еден агент или фудбалска агенција.

- Сакам да потврдам дека во моментов не сум претставуван од ниту еден агент или менаџерска агенција. Во следниот период лично самиот ќе ги менаџирам сите активности поврзани со мојата професионална кариера и иднина. Било какви барања околу мојата кариера или идни можности треба да бидат упатени лично до мене“, стои во соопштението кое го објави на социјалните мрежи.