Стив Мекманаман е големо фудбалско име од последната деценија на минатиот и почетокот на овој 21. век, офанзивец кој е дете на Ливерпул, клуб во кој настапуваше до 1999 година по што направи трансфер во Реал Мадрид каде беше активен до 2003 по што се врати во Манчестер Сити каде и ја заврши кариерата.
Тој своевремено беше и англиски репрезентативец што значи е ас чиј збор има тежина, па токму затоа е важна неговата прогноза за тоа кои клубови ќе бидат во топ 4 на крајот на оваа сезона во Премиер лигата.
Мекманаман го става Арсенал на врвот како тим кој останатите ќе треба да го срушат ако сакаат да му ја земат титулата.
-Што се однесува до топ 4, одам со Арсенал, веројатно би го избрал Манчестер Сити, само поради бројот на играчи што ги имаат, а потоа Ливерпул и Челси.
-Не верувам дека Манчестер Јунајтед ќе биде ни блиску до првите четири, -порача некогашнит офанзивец.








