Халанд ја издвои главната предност на Арсенал во борбата за титулата

Дерби

06/09/2026

10:57

69

Големина на фонт

а а а

Ерлинг Халанд донесе победа за Манчестер Сити на вчерашниот меч против Ковентри, натпревар на кој фаворитот не блескаше, не одигра како што се оечкуваше, меѓутоа дојде до целта, ги освои трите бода и го задржа максималниот учинок во Премиер лигата.

„Граѓаните“ во моментов се единствениот состав со „три од три“, Халанд како главна ѕвезда е задоволен поради тоа, но е свесен дека како тој така и соиграчите можат и мораат да бидат на повисоко ниво.

-Мислам дека почнавме навистина добро и мислам дека првото полувреме беше навистина добро, создадовме многу шанси. Мислам дека требаше да постигнам уште неколку гола, да бидам искрен, но не го направив тоа, па затоа треба да вежбам повеќе на тоа.

-Второто полувреме исто така започнавме навистина добро, но успеавме малку да ги внесеме во играта, што не беше идеално, но победивме, освоивме три бода и не примивме гол, што е исто така важно, па затоа е добар почеток на сезоната, -порача напаѓачот.

Норвежанецот гледна главна предност на Арсенал, а тоа е фактот дека оваа екипа веќе некое време е заедно и добро се познава.

-Арсенал игра заедно долго време и го градеше ова во подолг период, слично како што правеше Сити кога првпат се приклучив. Сè уште сме во еден вид фаза на обнова, но преодниот рок беше фантастичен, морам да кажам. Браво за клубот и луѓето во клубот. Прво и најважно, доведоа фантастични фудбалери, но и одлични луѓе кои се вклопија навистина добро. Браво за целиот клуб, -заклучи Халанд.