Најдобриот германски тенисер, Александер Зверев конечно заигра како што се очекува од него и успеа да обезбеди пласман во осминафиналето на Ју-Ес Опен.
Зверев се мачеше во првите две рунди, мораше да игра по пет сета да дојде до посакуваниот резултат, но против Алехандро Табило покажа друго лице и славеше со 3-0 во сетови.
Саша издоминира на теренот, славеше со 6:2, 7:6, 6:3 и на тој начин закажа соочување со 21. носител во Њујорк, Лучано Дардери од Италија.
Огромно разочарување на домашните фанови им приреди Тејлор Фриц кој имаше се во свои раце со соочувањето со Франсиско Серундоло.
Тој ги доби првите два сета со рутински 6-3 и 6-4 и кога се очекуваше без проблеми да го докрајчи противникот му дозволи на Аргентинецот да се врати во мечот, да добие сила, да направи целосен пресврт со 6:3, 6:4, 6:4 и оди во наредната фаза.







