[ВИДЕО] Траоре со ефектен автогол се врати во шпанскиот фудбал

Дерби

06/09/2026

09:36

46

Големина на фонт

а а а

Адама Траоре долго време беше дел од англискиот фудбал или поточно настапуваше на островот од 2015 година со исклучок на неколкуте месеци минати во Барселона во 2022 година како позајмен играч од Вулверхемптон.

Ова лето тој се врати на Пиринеите и тоа со потпис за новиот член на Примера, Депортиво А Коруња.

Првиот меч во новата средина го одигра против Вилјареал, меч на кој влезе од клупата и си постигна ефектен автогол со глава. Ова беше гол за водство на домаините од 2-1, но гостите не се откажаа и во преостанатите дел пред се благодарение на Обамејанг кој запиша гол и асистенција дојдоа до огромен триумф од 3-2.

Инаку Обамејанг има 4 гола и 2 асистенции на 4 натпревари во тековнава кампања во Ла Лига.