Американскиот новинар Ден Вокен го анализираше болното елиминирање на Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на САД и јавно прашува за неговото пензионирање.
По шокантната елиминација на Новак Ѓоковиќ веќе во првото коло на Отвореното првенство на САД, американскиот новинар Ден Вокен го отвори прашањето кое постојано лебди во воздухот: Дали дојде време за пензионирање?
Во својата колумна за „Yahoo Sports“, Вокен детално ја опиша мачната и физички исцрпувачка борба на најголемиот тенисер на сите времиња за време на натпреварот против Маријано Навоне.

„Новак Ѓоковиќ изгледаше изгубено во поголемиот дел од натпреварот, кој траеше четири часа и 36 минути на стадионот „Артур Еш“. На секои неколку минути, тој ставаше кесички мраз на главата, се извиткуваше од болка, а во одредени моменти изгледаше како едвај да чека да заврши неговиот престој на турнирот“, напишал Вокен, кој го гледал исцрпувачкиот дуел во живо.
Новинарот особено нагласи дека Ѓоковиќ, инаку познат по својата беспрекорна физичка подготовка и челична кондиција, изгледал видливо исцрпено и без свежина од самиот почеток на натпреварот.
„Како што одминуваше ноќта, најдобро физички подготвениот спортист во историјата на овој спорт видливо се мачеше да издржи долги поени, изгледајќи како боксер кој се сопнува и мора да се држи за јажињата за да не падне. И тогаш еден од најголемите натпреварувачи во историјата на спортот конечно попушти. Неговото тело му вресна дека е доста“, живописно опиша Вокен.
Во продолжението на колумната, американскиот новинар отворено праша што е тоа што сè уште го движи Ѓоковиќ и зошто продолжува да го изложува своето тело и ум на такви екстремни напори и физичко страдање.
„По 24 гренд слем титули, олимписко злато и сè што некогаш сакал од овој спорт, неговата награда е страдањето што си го нанесува секојпат кога температурата ќе се покачи за неколку степени“, прашува американскиот новинар, а потоа заклучува:

„Во првиот сет, Ѓоковиќ изгледаше толку нестабилно и незаинтересирано што се чинеше како да брза кон дома. Потоа испи неколку апчиња и се чинеше дека се чувствува подобро, па ја презеде контролата и ги доби следните два сета“, заклучил познатиот новинар.
Колку заработи Новак на турнирот?
Новак Ѓоковиќ беше елиминиран од турнирот, но од Њујорк си замина за 140.000 долари побогат!
Српскиот ас веќе беше елиминиран во првото коло, но пласманот во главната ждрепка му донесе огромна парична награда.
Ѓоковиќ беше поразен од Маријано Навоне во првото коло по повеќе од четири и пол часа борба. Иако остана без шанса да продолжи со потрагата по нова Гренд слем титула, Новак собра 140.000 долари за својот настап во Њујорк.















