Анри гледа едно сценарио за трката за пехарот во ПЛ: Нема тим што може да ги предизвика…

Дерби

01/09/2026

11:50

65

Големина на фонт

а а а

Големиот Тјери Анри даде свој коментар или поточно прогноза за борбата за пехарот во Премиер лигата во сезоната 2026/2027.

Фрнцузинот играше доволно време на островот, знае колку е тешко да се дојде до овој трофеј, па иако сме на самиот старт, самиот почеток на кампањата и популарниот Тити како многумина поранешни асови гледа едно сценарио-Арсенал одново да биде најдобар тим на островот.

- Да, тие се фаворити. Можете да видите што претставува Арсенал и што може да се случи, иако никогаш не знаете што може да се случи. Едноставно не гледам во моментов тим што можеби може да ги предизвика, иако Сити победи прилично добро пред некој ден [против Кристал Палас].

- Тоа е она што ме прави уште посигурен дека тоа може да се случи, но се сеќавам и минатата година, сите мислеа дека Ливерпул ќе биде тешко да се победи, а потоа тие се распаднаа, - вели Анри кој даде коментар и за новите имиња во таборот на „топчиите“.

- Тоа се многу слични потписи на Микел Артета, играчи што им се допаѓаат, централен бек кој може да игра на повеќе позиции, тие потпишаа вреден дефанзивен играч од средниот ред [Бруно Гимараеш]. Сите знаевме дека Инкапие ќе остане… [потпишаа] нова верзија, мини верзија, на Тросард во Цолис, се надевам за него. Изгледаат многу слично: вредно крило кое може да ве спаси во некои моменти.

- Го видов како игра за Клуб Бриж толку многу пати, се надевам дека ќе може да го направи тоа за нас. Мелие е оној што треба да донесе безбедност, се вклопува во она што го претставува Микел, - смета славниот напаѓач.