Реал Мадрид и Барселона се најголеми шпански клубови, огромни ривали кои водат битки на повеќе полиња, а меѓу нив дефинитивно е трансфер пазарот.
„Кралевите“ и каталонците размислуваат за сегашноста, но и за иднината и се обидуваат да донесет што поквалитетни асови. Последните потези на двата клуба треба да донесат резултати за во блиска иднина, па така Реал привлете талент од Расинг Сантандер за кого ќе плати 3 милиони евра.
Се работи за 19-годишниот Серхио Гонзалес кој веќе дебитираше во Примера и даде гол против Вилјареал. Договорот е до 2030 година, Гонзалес прво ќе започне со вториот Кастилја со надеж дека ќе напредува и ќе добие шанса кај сениорите.
Барса пак донесе тинејџер од Германија, голем талент во дефанзивната линија. Се работи за 16-годишниот Микаел База кој доаѓа во Каталонија од ХСВ.
Се работи за стопер кој ќе тргне со вториот тим и тимот до 19 години пред да биде интегриран во првата екипа. Инаку База е во роднини врски со Џонатан Та, поточно фудбалеот на Баерн Минхен е негов братучед.








