Борусија Дортмунд славеше над ХСВ во премиерниот натпревар во Бундеслигата, ама на овој меч го загуби летното засилување Јанис Константелијас.
Играчот кој пристигна од ПАОК се повреди на стартот на второто полувреме, повреда која е многу сериозно затоа што настрадаа лигаментите на левото колено и го очекува долга пауза од теренот.
Ова го натера бундеслигашот одново да се впушти на пазарот и да пронајде друга опција со оглед на тоа што сезоната е долга. На крајот изборот падна врз талентот на Арсенал Итан Нванери кој доаѓа во Дортмунд како позајмен фудбалер.
„Милионерите“ ќе ја покриваат неговата плата, ама нема да имаат право на откуп што јасно говори дека Арсенал гледа иднина во него без разлика на тоа што вторпат во низа оди за заем затоа што во минатата сезона беше активен во Олимпик Марсеј каде на 11 средби постигна 2 гола и запиша 1 асистенција.
Тој е под договор со премиелигашот до 2030 година.








