Сколс за играчот кој му е потребен на Јунајтед: Тоа што го видовме…

Дерби

01/09/2026

11:47

67

Големина на фонт

а а а

Пол Сколс беше дел од една успешна генерација на Манчестер Јунајтед, генерација која остави неизбришлива трага во англискиот фудбал, а притоа имаше и сериозни успеси на меѓународната сцена.

Овој денешен Јунајтед е далеку од тие времиња, недостасуваат доста работи, често има критики и притисокот е на највисоко ниво. „Црвените ѓаволи“ ја започнаа оваа сезона со шокантен пораз од Хал, додека во второто коло го совладаа Ипсвич со 5-2 со пресврт.

Сколс не е задоволен од тоа што го гледа и притоа смета дека клубот мора веќе да обезбеди замена за Лук Шок, ново име кое ќе ја покрие таа лева страна на теренот, а неговиот избор е Луис Хол од Њукасл.

- Мислам дека Јунајтед ќе прифатеше да губи со 1-0 со оглед на тоа како играа во првото полувреме. Можеше да биде два или три. Она што го видовме вчера, мислам дека е сумирано што ќе добиете од Јунајтед. Можеа да губат со два или три гола, но исто така, ако го погледнете второто полувреме, беа опасни, - вели Пол кој смета дека проблемите на Шо против крилниот напаѓач на Ипсвич, Абдул Фатаву, треба да послужат како катализатор за Карик да побара повеќе засилувања.

- 100 проценти. Тоа се случува со месеци, не зборуваме само за последните неколку дена. Дали знаете нешто што би можело да му помогне на Мајкл? Што Шо одигра со Ипсвич како што одигра. Па можеби ќе отиде и ќе каже: „Слушајте, ни треба“, а вие мислите дека Хол можеби е најизводливиот што е таму и достапен, - порача англиката легенда.