Челси направи сериозни инвестиции во играчкиот кадар во овој летен преоден рок, инвестиции, потези со кои изненади затоа што сезонава игра само во домашните натпреварувања.
„Сините“ потрошија голема сума на пари за Роџерс, Лакроа, Палестра, Барко, Чеварија, Велбек, Мартинез…листа на која може да се додаде уште некое име до крајот на трансфер пазарот.
Марсел Десаи како поранешен член на премиерлигашот следи што се случува на „Стемфорд Бриџ“ и токму тој има еден предлог за засилување кое би било „бомба“, ангажман на Виктор Осимен од Галатасарај, напаѓачот кој се поврзува со шампионот Арсенал.
- Осимен, апсолутно. Тој носи дух и почит, силна почит од противниците и од неговите соиграчи. Понекогаш може да биде малку непредвидлив, но ви е потребен таков играч кој може да го оправда својот статус и однесување преку перформанси, но и преку малку контроверзии. Тој е силен и може да го донесе тој дух во Челси.
- Што се однесува до Џексон, тој сега отиде во Астон Вила. Искрено, би довел вистински напаѓач-деветка. Проблемот е што нема многу напаѓачи кои би можеле да му помогнат на Челси на долг рок, - вели Французинот.








