Роберт Санчез беше прв голман на Челси во најголемиот период по трансферот од Брајтон во 2023 година, период во кој често знаеше да прави киксови и да биде мета на критики.
Шпанецот се наоѓаше во фокусот на експертите, поранешните асови кои сега работат како аналитичари, коментари кои знаеја да го посочат како најслаба алка во Челси, па дури и да порачуваат дека се додена клубот не најде соодветна замена, топ голман нема да може да се надева на голем резултат, тутули.
Пред неколку дена „сините“ повлекоа потег и го договорија Емилијано Мартинез од Астон Вила кој веднаш застана на голот и беше активен против Брајтон.
Ова беше јасен сигнал за Санчез дека не е повеќе прва опција и според информациите од повеќе извори тој веќе има нов клуб. Тој се сели во Италија во амбициозниот Комо кој ќе игра во Лигата на шампионите.
Се работи за позајмица, а Шпанецот ќе може да работи под водство на сонародникот Сеск Фабрегас.
Тој на сениорско ново освен за Брајтон и Челси има настапувано за Форест Грин и Рочдејл.







