[ВИДЕО] Бизарна сцена: Поранешна премиерлигашка ѕвезда прегазена од валјак на теренот

Дерби

20/09/2026

14:02

182

Големина на фонт

а а а

Андрос Таунсенд е далеку од светската и европска елита во завршната фаза од својата кариера, а како 35-годишниот, реши да има егзотична авантура на Тајланд.

Таунсенд е дел од првата лига во Тајланд како член на Прачуап, но последниот настап кој го имаше за овој тим нема да се памети по некој фудбалски потег, туку по една бизарна сцена која изгледа навистина нестварно.

Некогашната премиерлигашка ѕвезда која настапуваше за Тотенхем, Кристал Палас, Њукасл и Евертон, се најде во ситуација да биде прегазен од машина за одржување на теренот, или поточно од валјак.

Таунсенд бил прегазен од валјак за време на загревањето на последниот натпревар, а медиумите од Тајланд пренесуваат дека единствено позитивно е што не заработил потешка повреда.

Андрос брзо се рехабилитирал од бизарниот инцидент, но не бил многу користен на натпреварот и влегол во игра како резерва.