Случајот кој неколку дена ја разбранува швајцарската спортска јавност денеска доби свое продолжение, откако Гранит Џака јавно призна дека во 2022-ра година добил фалсификуван сертификат за примена вакцинација за Ковид-19.
Џака беше еден од оние фудбалери кои одбиваа да се вакцинираат во екот кога вирусот беше најзастапен во Европа, но откако го прележа во 2021-ва година, подоцна пристигна информација дека примил и вакцина.
Четири години подоцна, испадна дека Џака ја лажирал вакцината и добил фалсификуван сертификат за примена вакцина, а денеска тоа и самиот го признал при соочувањето со швајцарските власти и луѓето од Федерацијата.
Џака поради ваквиот престап ќе има судско сослушување во Луцерн на почетокот на месец октомври, па поради тоа, тој е исфрлен од репрезентацијата на кратко време и ќе го пропушти овој циклус кој ќе трае три недели.
Тоа значи дека Џака нема да допатува во Скопје и нема да биде дел од двата натпревари кои ќе ги одигра Македонија против Швајцарија во периодот кој следи.








