Макелеле распали по Мурињо и играчите на Реал: Не барајте жртвени јагниња за да скриете колку сте лоши!

Дерби

21/09/2026

13:12

248

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо и играчите на Реал Мадрид испорачаа серија протести по големото градско дерби кое се одигра на „Метрополитано“, а додека во „кралскиот клуб“ владее огромно незадоволство за арбитражата и одлуките на судијата Аријас Ортиз, аналитичарите во Шпанија и воопшто во светот ја гледаат и пошироката слика.

Покрај судиските одлуки кои секогаш ќе носат различни толкувања, експертите се насочија и на самата игра на Реал која беше доста разочарувачка, а завршниот пораз со резултат 2:1 значи дека тимот од престолнината оди на тринеделна репрезентативна пауза со шест бода негатива во однос на лидерот Барселона.

Поплаките кон судиите и ВАР беа главна тема на прес-конференцијата која ја одржа Мурињо по дербито, но легендарниот Клод Макелеле го советува да се насочи кон подобрување на своите фудбалери и да не бара изговори за тоа што е очигледно, а тоа е лошата слика која ја прикажува Реал на натпреварите.

– Не барајте жртвени јагниња во суддиите и одлуките кои ги носат тие. За мене очигледно е нешто друго. Не постои разбирање меѓу играчите на теренот, а ниту тренерот и играчите.

– Мурињо мора да разговара сериозно со своите фудбалери и да внесе некоја живост. Тимот изгледа слабо и многу лошо. Нема план за игра, нема апсолутно ништо во овој тим на Реал, освен некои индивидуални потези. Мора да имаме големи очекувања и да бараме многу повеќе од нив. Проблемот не е судијата и неговите одлуки, постои очигледен недостаток во овој тим. Изгледаат како тим кој нема јасни идеи и план за тоа што треба да прави на теренот, – жестоко заклучува Клод Макелеле во анализата која ја направи за „ЕСПН“.