Станбениот комплекс во кој Осама бин Ладен ги поминал последните години од својот живот некогаш претставувал една од најмистериозните локации во светот.
Меѓутоа, патувачки влогер кој неодамна ја посетил оваа локација во Билал Таун затекнал сцена која значително се разликува од мрачното минато на местото – импровизиран терен за крикет на кој денес си играат децата од соседството.
Јутјуберот од каналот „Luke On The Move“ ја снимил својата посета на пакистанскиот град Аботабад, во чие предградие Билал Таун се наоѓал комплексот.
Трикатниот објект бил урнат во 2012 година по одлука на пакистанските власти, а земјиштето на кое некогаш се наоѓал денес го користат децата од околната населба.
Лук вели дека бил изненаден од тоа колку многу се променило местото кога пристигнал таму.
„Дами и господа, добредојдовте во Билал Таун. Успеавме“, рекол тој на почетокот од својата посета.
Бин Ладен, некогашниот лидер на Ал Каеда, беше убиен на 2 мај 2011 година во операција на американските специјални сили. По неговата смрт, станбениот комплекс во кој живеел привлече огромно внимание од светските медиуми.
За време на посетата на Билал Таун, јутјуберот го обиколил земјиштето на кое некогаш се наоѓал комплексот и разговарал со децата од соседството.
„Како што можете да видите, децата си играат и уживаат. Ова е безопасно место“, рекол тој.
Јутјуберот не криел дека целата сцена му изгледала надреално, особено со оглед на историјата на ова место, а потоа им се придружил на децата и заиграл крикет со нив.
Местото кое некогаш беше во центарот на вниманието на целиот свет денес изгледа сосема поинаку – од трикатниот комплекс не останало ништо, а просторот го исполнуваат деца кои играат крикет.








