[ВИДЕО] Ја каснала оса пред вклучување во живо: Водителката доживеала шок, едвај ја продолжила програмата

Точка

31/08/2026

18:00

481

Големина на фонт

а а а

За време на вклучувањата во живо во програма, телевизиските водители неретко се соочуваат со необични и непријатни ситуации. Меѓутоа, она што го доживеала новинарката на хрватската телевизија РТЛ, Теа Михановиќ, ретко се гледа на малите екрани.

Имено непосредно пред вклучувањето во живо во информативната емисија, ја каснала оса.

Моментот на самиот убод бил забележан непосредно пред да се вклучат камерите за преносот. Снимателот, свесен за сериозноста на ситуацијата, веднаш ја прашал Теа дали воопшто ќе може да го издржи вклучувањето во живо.

Иако болката била очигледна, Теа реагирала сосема искрено и без филтер: „Не можам да поверувам, ова никогаш досега не ми се случило. Боли за полудување“, изустила таа со болна гримаса.


Сепак, и покрај силната болка, новинарката покажала што значи професионализам. Штом започнал преносот, таа сосема смирено и без ниту една грешка го одработила своето вклучување во живо, така што гледачите пред малите екрани не можеле ниту да претпостават што се случило само неколку секунди претходно.

Снимката стана вирална на ТикТок

Откако сè поминало во најдобар ред, Теа ја споделила снимката од овој непријатен момент на својот профил на ТикТок, со симпатичен коментар: „Сешто сум доживеала при вклучувања во живо, но ова е нешто ново“.


Видеото собра бројни коментари, а корисниците на социјалните мрежи не штедеа пофални зборови за нејзината професионалност.

„Секоја чест, го гледав вклучувањето во живо и никогаш не би рекла дека нешто такво се случило претходно“, „Навистина си многу професионална“… беа само дел од коментарите на воодушевените следбеници.