На претходните 16 гренд слем турнири Ѓоковиќ освои четири титули, играше три финалиња, стигна до шест полуфиналиња и едно четвртфинале.
Маријано Навоне приреди шокантно изненадување на стартот на УС Опен, откако во пет сета го елиминираше рекордерот по бројот на освоени гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ.
ATPTour.com издвои пет интересни факти за еден од најголемите изненадувачки порази во поновата историја на тенисот.
Ѓоковиќ повеќе од 20 години немал пораз во првото коло на гренд слем
Србинот низ годините повремено доживуваше порази во раните фази на големите турнири, барем според неговите високи стандарди. На Ролан Гарос оваа година Жоао Фонсека го изненади Ѓоковиќ во третото коло, но ништо не можеше да се спореди со ова.
Novak Djokovic looks very emotional down 1-3 in the 5th set against Navone at the US Open.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) August 31, 2026
Definitely in pain physically, but these also look like emotional tears.
4+ hours at 39 years old.
The New York crowd is trying to give him a push for another heroic comeback.
🥹 pic.twitter.com/QsZqF0Z04o
Ѓоковиќ немаше испаднато во првото коло на некој гренд слем турнир уште од Австралија опен во 2006 година.
Единствениот друг случај кога загубил меч во првото коло на гренд слем исто така се случил на Австралија опен, во 2005 година.
Навоне никогаш претходно немал добиено меч во пет сета
Ѓоковиќ во дуелот влезе со учинок од 42 победи и 12 порази во мечеви кои траеле пет сета, додека Навоне имаше скор од 0-4.
Аргентинецот никогаш претходно немал победено во меч од пет сета, вклучувајќи го и поразот од Јакуб Меншик во тај-брејкот на решавачкиот сет на Ролан Гарос претходно оваа година.

Освојувачот на 24 гренд слем титули покажуваше константност на големите турнири
Може да се каже дека Ѓоковиќ не пристигна во Њујорк во најдобра форма, по поразот од Тијаго Аугустин Тиранте на турнирот во Синсинати.
Сепак, освен поразот од Фонсека во Париз, српскиот тенисер константно успеваше да го пронајде вистинскиот ритам на гренд слем турнирите.
На претходните 16 гренд слем турнири, Ѓоковиќ освои четири титули, играше три финалиња и стигна до шест полуфиналиња и едно четвртфинале.
A late-night battle ⚔️
— Tennis TV (@TennisTV) August 31, 2026
The moment Mariano Navone defeated 4th seed Djokovic 6-1 in the fifth! @USOpen #USOpen pic.twitter.com/CIdcoZ53MR
Ѓоковиќ има освоено повеќе гренд слем титули отколку што Навоне одиграл мечеви на тие турнири
Разликата во искуството меѓу Ѓоковиќ и Навоне, кога излегле на теренот, била огромна.
Српскиот тенисер е 24-кратен гренд слем шампион и пред овој меч имаше дури 95 победи на УС Опен.
Од друга страна, Навоне на гренд слем турнирите имаше учинок од шест победи и десет порази, додека неговиот вкупен скор на АТП тур изнесуваше 57-67.

Навоне во кариерата имал големи проблеми на тврди подлоги
Аргентинецот во Њујорк пристигна со скор од 12 победи и 29 порази на тврди подлоги на АТП тур, што претставува успешност од само 29,3 проценти.
Навоне во текот на оваа година, пред дуелот со Ѓоковиќ, на оваа подлога оствари четири победи и осум порази.

Од друга страна, четвртиот носител во меѓусебниот дуел влезе со импресивен скор од 741 победа и 139 порази на тврди подлоги, односно со успешност од 84,2 проценти.
Токму поради огромната разлика во искуството, формата и резултатите на тврда подлога, победата на Навоне претставува едно од најголемите изненадувања во кариерата на Новак Ѓоковиќ.
















