Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

31/08/2026

09:51

211

Големина на фонт

а а а

Статијата го промовира ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека СДС и Филипче неповољно се однесуваат кон важни европски проекти, особено кон изградбата на национален дата центар, кој е клучен за дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста на Македонија.

Талогот на СДС и Венко Филипче продолжуваат со неодговорното политикантство и со критики кон проекти од стратешко значење за иднината на државата. Развојот на индустријата поврзана со дата центри е светски тренд и значаен дел од дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста. Наместо да го поддржи развојот и заштитата на дигиталната инфраструктура и развојот на индустријата која е иднината, Филипче и СДС повторно се поставуваат против интересите на граѓаните и државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија веќе има секундарен дата центар во Прилеп, кој има важна улога во обезбедувањето резервна инфраструктура и податоци. Тоа значи дека сега секоја институција сама наоѓа начин како да ги чува податоците и во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, тие се чуваат во секундарниот дата центар.

Но, на државата ѝ е потребен и основен, примарен национален дата центар, преку кој ќе се обезбеди сигурно и централизирано чување на податоците на сите државни институции.

Во делот на Реформската агенда со Европската Унија, Македонија има проект за изградба на националниот дата центар и за неговата реализација се предвидени европска финансиска и техничка поддршка, а обврска на државата е да го изгради овој основен дата центар, што ќе значи современа примарна инфраструктура за безбедно чување на податоците.

Ова значи поголема заштита на податоците на граѓаните и институциите, поголема отпорност на сајбер-напади и посигурни државни системи.

Токму заради ова СДС и Венко Филипче, како поранешен министер за здравство, треба да бидат првите кои ги поддржуваат ваквите проекти кои ја зголемуваат сајбер безбедноста, ги штитат податоците, а воедно значат и развој на една индустрија која чекори кон иднината.

Така, сите паметиме, како за време власт на СДС, системот на Фондот за здравствено осигурување беше цел на сериозен сајбер-напад, по што граѓаните се соочија со проблеми при остварувањето на своите права, исплатата на породилно, рефундацијата на средства за лекови и други услуги.

Денес, наместо да извлечат поука од сопствените пропусти, СДС и Филипче се противат на изградба на инфраструктура која треба да спречи вакви ситуации во иднина и ќе донесе развој на државата.

Јасно е дека СДС продолжува да се спротивставува на проекти што носат европски стандарди, дигитализација, инвестиции и поголема безбедност за граѓаните.

Македонија мора да оди напред, а примарен национален дата центар е инвестиција во дигиталната иднина, сајбер-безбедноста и заштитата на податоците на граѓаните и државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.