[ВИДЕО] ВМРО-ДПМНЕ воведува прв дигитален процес на зачленување

Макфакс

31/08/2026

11:42

110

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ започна голема дигитална кампања за ажурирање на постојното членство и привлекување нови членови преку модерни, достапни процеси. Кампањата трае од 1 септември до 30 ноември и има за цел да ја зајакне организацијата и да ги вовлече новите генерации во политичкото делување.

Заедно за иднина – Приклучи се!

ВМРО-ДПМНЕ од 1 септември започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и за отворање на партијата за нови членови. Во следниве три месеци, до 30 ноември, сакаме да направиме уште еден голем чекор во развојот на ВМРО-ДПМНЕ, да изградиме посовремена, поорганизирана и уште посилна политичка организација, подготвена за иднината“, вели Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Историја и организација

ВМРО-ДПМНЕ има повеќедецениска историја, силна организација и огромно членство. Нашата сила се луѓето. Луѓето кои со децении се дел од ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето кои верувале кога било тешко, кои работеле, се бореле и придонесувале. Но и новите генерации кои денес имаат знаење, идеи, енергија и желба да бидат дел од создавањето на иднината на Македонија. Затоа нашата порака е едноставна: Обнови го членството. Биди активен и биди дел од иднината.

Дигитално зачленување

Од 1 септември до 30 ноември секој постоечки член, ќе може да ги потврди или ажурира своите податоци. Истовремено, ги отвораме вратите на ВМРО-ДПМНЕ за секој граѓанин кој ја прифаќа нашата програма и сака да ни се приклучи. Без препорака. Без некој да мора да ве воведе. Ако имаш идеја – има место за тебе. Ако имаш знаење – има место за тебе. Ако имаш енергија и сакаш да придонесеш – има место за тебе“, изјави Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.