Патнички брод се преврте кај Кипар, 279 лица биле на него

Макфакс

30/08/2026

19:20

210

Големина на фонт

а а а

Патнички брод се превртел крај северниот брег на Кипар со 279 патници на него, што предизвика голема спасувачка операција со учество на бродови, хеликоптери и медицински тимови. Засега нема официјални информации за повредени или жртви.

Патнички брод на компанијата „Filo Jet“, кој превезувал повеќе од 250 патници, се превртел кратко по испловувањето од пристаништето Ѓирне на северот на Кипар, јавува локалниот медиум.

Несреќата се случила на околу два до три километри од брегот. Патниците кои биле на бродот се искачиле на превртениот труп на пловилото, каде што ја чекаат помошта и евакуацијата.

Во тек е голема спасувачка операција во која учествуваат бродови на крајбрежната стража, хеликоптери, приватни пловила, како и бродови на други компании.

На брегот се распоредени и поголем број возила на итната медицинска помош, кои треба да им пружат помош на патниците веднаш штом бидат префрлени на копно.

Според досегашните информации, на бродот имало 279 лица, а турските медиуми јавуваат дека дел од патниците можеби се повредени. Засега нема официјални информации за бројот на повредени или евентуални жртви.