[ВИДЕО] Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Макфакс

31/08/2026

11:40

75

Големина на фонт

а а а

Во текстот се обелоденуваат сомнителни зделки поврзани со дата-центри што Мицкоски ги договара без јавност, додека ВМРО-ОКГ преку лаги се обидува да ги прикрие овие активности. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, го потврдува тоа и нагласува разлика меѓу националниот и комерцијалните дата-центри, предупредувајќи за потенцијална злоупотреба на стратешките ресурси на земјата.

Секој ден излегуваат нови детали кои го потврдуваат она за што СДСМ предупредува: под радарот, далеку од очите на граѓаните, се договараат бизниси со стратешките ресурси на Македонија: водата, струјата, земјата.

Мицкоски вели дека се ќе биде транстапрентно а јавно признава дека преговара со 5-6 инвеститори, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Со кого се договара Мицкоски „под радарот“, како што вели, никој не знае.

„Имиња не се објавуваат.

На кого Мицкоски му ги става на располагање водата, земјата и струјата на Македонија?

Колку ќе ги чини тоа граѓните? Пари, вода, плодно земјиште?

Граѓаните не знаат ништо.

Мицкоски работи „под радарот“.

Затоа вчера го пушти пратеникот на ВМРО-ОКГ, Миле Лефков, да го правда.

За кредибилитетот на Лефков нема да трошиме ниту збор граѓаните многу добро знаат дека го нема“.

Според неа, тврдењата дека комерцијалните дата центри имаат врска со Реформската агенда со Европската Унија е класична лага.

Прашува, што има заедничко националниот дата-центар за чување на податоци на државните институции со комерцијалните дата-центари што Мицкоски ги договора за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода?

„Апсолутно ништо.

Станува збор за две сосема различни работи.

ВМРО-ОКГ толку многу лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси за профити и провизии“.

Ова, како што оценува, е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити.

„Зошто постојано мешаат јавни обврски со приватни дата-центри за инвеститори?

За приватните инвестиции кои Мицкоски ги договара „под радарот“да ги покријат со европската Реформска агенда која не ја исполнија“.