Роџер Федерер повторно се појави на теренот.
Имено легендарниот швајцарски тенисер и поранешен светски рекет број еден одигра егзибициски натпревар против својот некогашен голем ривал на теренот, Енди Родик. Стадионот „Артур Еш“ беше речиси исполнет, а двајцата играчи покажаа дека не заборавиле да играат.
Федерер уште во вториот гем испрати „убавица“ од бекхенд по линијата и ја воодушеви публиката. Од друга страна, Родик беше препознатлив по својот „убиствен“ сервис, кој останал непроменет. Неговиот прв сервис достигна брзина од 216 километри на час.
Сепак, на крајот Федерер беше тој кој победи. Мечот се играше во еден добиен сет, а Швајцарецот славеше со 6:3.

Меѓутоа и двајцата покажаа дека и денес би можеле да се натпреваруваат на највисоко ниво, барем кога станува збор за квалитетот на ударите.
Исто така подоцна двајцата одиграа и натпревар во двојки – Федерер играше заедно со Мекинро, а Родик заедно со Агаси, па публиката во Њујорк уживаше во два часа тенис.















