Ерлинг Халанд направи потег кој привлече големо внимание пред почетокот на новата сезона, а зад промената на неговиот изглед се најде атрактивна албанска фризерка.
Ѕвездата на Манчестер Сити објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како ја менува својата препознатлива фризура во пресрет на првиот првенствен натпревар против Борнмут. Норвешкиот напаѓач потоа телефонски им се јави на Пеп Гвардиола и Златан Ибрахимовиќ, кои беа изненадени од неговиот потег.
Сепак, најголемо внимание привлече личноста која беше задолжена за новата фризура на Халанд. Станува збор за албанската фризерка Јуна Адеми, која објави снимка од моментот во кој му ја средува фризурата на еден од најпознатите фудбалери во светот.
Адеми покрај објавата напиша:
„Едно од најубавите искуства. Ви благодарам“, а потоа сподели и фотографија со Халанд.
Нејзината објава брзо привлече внимание на социјалните мрежи, особено поради необичната средба со норвешкиот фудбалер.
Погледнете дел од нејзините фотографии:















