Флик за единствената лоша вест од првото коло: Изгледа подобро од што првично мислевме

Дерби

24/08/2026

13:10

135

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик најави преговори со Алехандро Балде за можно заминување на левиот бек и разговори со Деко околу доведување на „нова деветка“ во Барселона, но по уверливиот старт на сезоната во Ла Лига, тренерот на Барса даде коментар и за единствената лоша вест од мечот на „Мартинез Валеро“.

Гави беше стартер и имаше коректен натпревар до пред самиот крај на првиот дел, но тогаш се пожали на повреда и го вклучи алармот поради фактот што станува збор за проблематичното колено.

Играчот за врска двапати го оперираше десното колено во период од две години, па бидејќи повторно се држеше за истото кога го напушташе теренот, во Барселона почна да се стравува од најлошото.

Фацијалните импресии на Гави не дадоа воопшто позитивни вибрации, но Ханси Флик по средбата ги смири страстите и посочи дека ситуацијата изгледа подобро од тоа што првично се мислеше.

– Станува збор за удар во коленото и ќе мора да почекаме да видиме што е. Како и да е, повредата изгледа многу подобро од тоа што првично се мислеше, Гави изгледа како оптимист. Како и да е, тој ќе мора да направи магнетна резонанца и така ќе добиеме повеќе детали, – изјави Флик.