Партизан како клуб никако не успева да пронајде мир и да отпочне стабилен проект веќе неколку години наназад, а по заминувањето на Предраг Мијатовиќ, „црно-црните“ се соочуваат со прва голема криза уште на стартот на сезоната.
Поразот од Хетафе во бараж колото за Конференциската лига беше надополнет со срамен пораз од Младост од Лучани во домашното првенство, па по неуспехот на гостувањето со 3:1, тренерот Саша Илиќ си поднесе оставка.
Актуелниот тренер презема одговорност и побара од клубот да биде ослободен од обврските, но челниците на Партизан го одбија ваквото барање и не му дозволуваат на шефот на стручниот штаб да си замине во овој момент.
Планот е Илиќ да биде тренер на тимот и на реваншот против Хетафе во Конференциската лига, а дури потоа да се носат одлуки за иднината на Партизан, која во најмала рака е неизвесна.
Ако тимот остана без излез во Европа и оваа сезона, најавени се радикални промени во клубот, односно ќе се именува и нов борд на директори од петок натаму, а дури тогаш ќе се решава и за иднината на Илиќ кој имаше неуспешен прв обид да поднесе оставка.








