Завршувањето на академија е важен чекор. Но, кога ќе дојде време за првото CV и првата професионална можност, покрај стекнатото знаење се појавува уште едно важно прашање: што можеш да покажеш како реално искуство?
Токму со идејата образованието да биде почеток на професионалниот развој, Avenga Academy (поранешен Сеавус Едуктивен и Развоен Центар) им овозможува на своите студенти да стекнат знаења и практични вештини во области кои денес отвораат различни кариерни можности.
Преку програмите на Академијата, студентите можат да се насочат кон област што одговара на нивните интереси и амбиции, од ИТ и програмирање, преку графички, веб дизајн и UX/UI, до проектен менаџмент, дигитален маркетинг и други современи професионални насоки.
Наставата е насочена кон стекнување применливи знаења и вештини, со цел студентите да бидат подобро подготвени за следниот чекор во својата кариера.
Но, приказната не завршува со последното предавање.

Од стекнато знаење до меѓународна онлајн пракса
Една од клучните можности што Avenga Academy им ја нуди на своите студенти е можноста, по завршувањето на студиите, да го продолжат своето професионално патување преку меѓународна онлајн пракса.
На овој начин, студентите добиваат можност стекнатото знаење да го надградат со искуство во меѓународна професионална средина, со пристап до 20.000+ компании во повеќе од 190 земји и над 300.000 активни можности секој ден. Тие се запознаваат со реални работни процеси, соработуваат со интернационални тимови, добиваат feedback и гледаат како знаењето што го стекнале изгледа кога ќе се примени во пракса.
И сето тоа онлајн, од Македонија.
Ова искуство претставува важна врска помеѓу периодот на учење и моментот кога младите започнуваат самостојно да ја градат својата професионална кариера.
Современите професии постојано се менуваат, а со нив се менуваат и знаењата и вештините што се потребни за успешно започнување кариера. Затоа, изборот на образование денес не значи само избор на тоа што ќе го учиш, туку и на можностите што ќе ти се отворат понатаму.
Avenga Academy го гради својот пристап токму околу таа идеја, да им понуди на студентите знаење, практични вештини и можност да го направат следниот чекор кон професионално искуство.
Од првото предавање, до првото меѓународно професионално искуство.
Со Avenga Academy до меѓународна онлајн пракса. Искуството е новата диплома.
Пријавете се на линкот и искористете 10% попуст за упис. По пријавувањето, очекувајте повик од Avenga Academy, каде тимот ќе ви помогне да креирате персонализиран пакет и програма согласно вашите интереси и потреби.
Комерцијален текст












