Хуманитарен концерт Заедно за подобро утре утре во Велес

Макфакс

21/08/2026

11:30

131

Големина на фонт

а а а

На 22 август во Велес ќе се одржи хуманитарен концерт посветен на лицата со церебрална парализа, со настапи на Starboy & Friends и цел за подигање на јавната свест и поддршка за подобра иднина.

На 22 август (сабота), во Спарта Ивент Центар во Велес, ќе се одржи хуманитарниот концерт „Together for a Better Tomorrow – Заедно за подобро утре“, посветен на поддршка на лицата со церебрална парализа.

Со почеток во 20:00 часот, публиката ќе има можност да ужива во настапот на Starboy & Friends, а истовремено да стане дел од настан што ги обединува музиката, хуманоста и заедништвото.

Целта на концертот е да се подигне јавната свест за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа, но и преку заедничка поддршка да се испрати силна порака дека секој човек заслужува еднакви можности, достоинство и пободра иднина.

Влезницата изнесува 300 денари, а настанот ќе трае од 20:00 до 00:00 часот.

Организаторите ги повикуваат граѓаните на Велес и сите луѓе со хумано срце да присуствуваат и со своето учество да ја поддржат оваа благородна иницијатива.